Новиот претседател на Гамбија положи заклетва, демократијата и туризмот победија

Претседателот на Гамбија Адама Бароу положи заклетва во соседен Сенегал, додека поразениот долгогодишен владетел на земјата Јахја Џаме одбива да се повлече, продлабочувајќи ја политичката криза.

Бароу, победникот на спорното гласање на 1 декември, беше инаугуриран во четвртокот на набрзина организирана церемонија во амбасадата на Гамбија во главниот град на Сенегал, Дакар.

„Ова е ден кој ниту еден Гамбиец нема да го заборави во животот“, рече Бароу во говорот веднаш по положувањето заклетва.

Во Дакар, малата соба на амбасадата имаше околу 40 луѓе, вклучувајќи го и премиерот на Сенегал и шефот на изборната комисија на Гамбија.

На настанот беа и официјални лица од ЕКОВАС, регионалниот блок на Западна Африка, кој се заканува со воена интервенција за да го принуди Џаме да ја напушти функцијата.

Во својот говор на инаугурацијата, Бароу ги повика ECOWAS, Африканската унија и Обединетите нации „да ги поддржат владата и народот на Гамбија во спроведувањето на нивната волја“.

На почетокот на оваа недела Џаме, кој дојде на власт со државен удар во 1994 година, прогласи национална вонредна состојба, додека парламентот му го продолжи мандатот за 90 дена.