Еден руски турист загина, 10 повредени во несреќа на туристички автобус во Италија

Туристички автобус со 60 руски државјани се преврте на автопатот Сиена-Фиренца во Италија, при што загина едно, а повредени се најмалку 10 лица, јави во средата руската агенција ТАСС, повикувајќи се на претставник на руската амбасада.

„Амбасадата доби сигнал од италијанското одделение за цивилна заштита за несреќа во која учествуваше туристички автобус“, рече претставникот на дипломатската мисија.

Според прелиминарните податоци, во автобусот имало 60 лица, најверојатно руски државјани. Италијанските медиуми претходно соопштија дека по инцидентот може да бидат повредени до 15 лица.


можно да достигне милиони ширум светот
Google News, Bing News, Yahoo News, 200+ публикации