Indonesian airline’s top officials quit after drunk pilot allowed into cockpit

Нискобуџетната индонезиска авиокомпанија „Ситилинк“ се најде во топла вода, откако се дозна дека еден од нејзините пилоти ја поминал проверката пред летот и покрај тоа што бил многу алкохолизиран. Полетувањето на неговиот авион беше одложено откако некои од 154-те патници решија да се симнат.

Подружницата на националниот авиопревозник Гаруда Индонезија соопшти дека дотичниот пилот бил отпуштен по инцидентот во средата наутро, а двајца од највисоките директори на Ситилинк во петокот ги објавиле своите оставки како гест на одговорност, објави Џакарта пост.

Пилотот, идентификуван како Текад Пурна, се појави на должност во средата за да лета со авион од меѓународниот аеродром Хуанда во Сурабаја, Источна Јава, до меѓународниот аеродром Соекарно Хата во Џакарта.

Патниците пријавиле дека тој не можел кохерентно да зборува при најавата за полетување и се однесувал сомнително. На снимката од безбедносната камера се гледа како се сопнува и испушта работи додека поминува проверка на аеродромот.

Авиокомпанијата го замени Текад со друг пилот откако патниците во неговиот авион протестираа, а некои рекоа дека повеќе би сакале да се симнат отколку да летаат со пијаниот капетан.

Текад беше отпуштен во петокот, откако помина два дена под суспензија. Дополнително, претседателот на Citilink, Алберт Бурхан, и оперативниот директор Хадиното Соедињо, поднесоа оставки, објавувајќи ја одлуката на конференцијата за медиуми, повикана да ја информира јавноста за скандалозниот инцидент.

Точната состојба на пилотот во моментот на инцидентот се очекува да биде откриена следната недела, кога ќе бидат готови резултатите од двата медицински теста на кои му беше наредено.

Оставете коментар