Kazakhstan lifts visa requirements for foreign tourists

Казахстан ги укина визните барања за граѓаните на Европската унија, земјите на ОЕЦД и голем број други држави како дел од напорите за поттикнување на инвестициите и туризмот.

Мерката усвоена претходно од соседен Узбекистан доаѓа во време кога Казахстан најголемата економија во Централна Азија е погодена од ниските цени на нафтата и финансиските проблеми во соседна Русија.

Според Министерството за надворешни работи на Казахстан, од почетокот на 2017 година, граѓаните на земјите на ЕУ и ОЕЦД, како и на Малезија, Монако, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур, може да патуваат во Казахстан до 30 дена без виза.

Во соопштението, Министерството рече дека иницијативата има за цел „да промовира уште поповолна клима за инвестирање“ и „да го развие туристичкиот потенцијал на земјата“.

„Овој потег ќе отвори дополнителни можности за бизнис заедницата за соработка со надворешниот свет и ќе ги олесни меѓународните контакти во различни сфери“, се вели во соопштението.

Пејзажот на Казахстан е преполн со планини, езера и пустини, а блескавата престолнина Астана е дом на футуристичка архитектура.

Уште во декември, соседен Узбекистан објави дека планира да го повлече својот високо рестриктивен туристички режим со откажување на визите за 15 земји.

Оставете коментар