Турската лира падна на рекордно ниско ниво по терористичкиот напад во Истанбул

Вредноста на проблематичната турска валута, лира, падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар поради зголемената загриженост за безбедноста по терористичкиот напад во Истанбул, како и поради повисоката од очекуваната стапка на инфлација.

Лирата се тргуваше за 3.59 за еден долар во вторникот, натамошна загуба од 1.38 за денот откако претходно се сруши преку плафонот од 3.6 лири, што претставува прв рекорден пат нејзината вредност да ослабне толку ниско во однос на американската валута.

Турската валута претходно беше уништена од неочекуваниот силен пораст на инфлацијата во декември, генерирајќи очекувања за зголемување на стапката овој месец.

Потрошувачките цени се зголемени за 8.5 отсто во декември во однос на истиот месец од претходната година и за 8.5 отсто за целата измината година.

Цените во Турција дополнително се зголемија за 1.64 отсто од ноември, многу повеќе отколку што очекуваа финансиските аналитичари.

Згора на тоа, како клучен фактор за опаѓањето на вредноста на турската лира се сметаше терористичкиот напад на новогодишната ноќ во ноќен клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.

Терористичкиот напад, за кој одговорноста ја презеде терористичката група ДАЕШ, беше последен во бранот смртоносни напади во изминатите неколку месеци во Турција, за која е широко осомничена дека ги поддржува милитантите во Сирија и Ирак.

Терористичките напади во Турција главно поврзани со ДАЕШ, како и уште неколку од Работничката партија на Курдистан (ПКК), ја погодија виталната туристичка индустрија во земјата и ги ослабнаа инвестициите.

Турската валута изгуби огромни 24 отсто од својата вредност во однос на доларот само во последните шест месеци. Досега изгуби 53 проценти од вредноста во текот на изминатите две години, откако се тргуваше по 2.34 за американски долар на почетокот на 2015 година.

Оставете коментар